Викендов, на 7 и 8 ноември, Diamond Mall ќе биде центар на македонскиот е-спорт.
SETEC ARENA 2026 носи два дена натпреварувачки гејминг, над 150 играчи, четири турнири, публика на чекор од акцијата и многу забава и изненадувања за сите.
Во арената ќе се играат четири од најпопуларните натпреварувачки наслови, секој во различен формат и со свој турнирски партнер:
- Counter-Strike 2 (тимски 5v5) – поддржан од ASUS
- Dota 2 (тимски 5v5) – поддржан од AMD
- Tekken 8 (индивидуално 1v1) – поддржан од Razer
- EA SPORTS FC 27 (формат 2v2) – поддржан од TCL
Местата за играчите на турнирите се веќе целосно пополнети, а од сабота, 7 ноември, арената ги отвора вратите за посетителите – за сите што сакаат да ги следат мечевите во живо.
Причините да бидете дел од SETEC ARENA 2026 не завршуваат со натпреварите. Подготвени се над 400 награди и подароци за играчите и публиката.
Повеќе од 400 подароци и награди.
Најуспешните натпреварувачи ќе се борат за главните награди – вредносни ваучери со високи износи и атрактивни наградни пакети со премиум гејминг и аудио производи од ASUS и JBL.
Посетителите ќе имаат можност да освојат вредносни ваучери, гејминг опрема, слушалки, звучници и други производи од ASUS ROG и TUF Gaming, JBL, Kingston и Meetion.
Покрај ASUS, AMD, Razer и TCL како партнери на турнирите, SETEC ARENA 2026 ja поддржуваат и AOC како партнер за гејминг монитори, Kingston за меморија и складирање податоци, TP-Link за мрежна опрема, JBL како аудио партнер, Redragon како гејминг бренд партнер и Philips како lifestyle партнер.
Настанот е поддржан и од Македонската еспорт федерација (МЕСФ).
Четири турнири. Над 150 играчи. Два дена борба за врвот.
Се гледаме на SETEC ARENA 2026!


