Завршија онлајн квалификациите за ENTiTY x ESPORTS.MK LAN Showdown 2026, при што осум екипи си го потврдија пласманот во LAN фазата во Охрид.
Првата екипа која си го обезбеди настапот во Охрид беше Turbo, која со едноставна победа од 2-0 ја совлада екипата на CYBERZONE. По нив следеше победата на VOSKAA, која слично не се сретна со големи тешкотии во својот дуел против RecoilZ.
BadBoys ја совладаа прилепската екипа EBAGO, додека aimers и NoBrain беа поуспешни во своите натпревари против Mamba Gaming и 33AVG.
Најинтересните серии беа помеѓу NADE–GAMEBOX и Kadmo Beach–Struga5. NADE требаше да преживее тесна серија против екипата од Куманово за да стигне до пласман, додека во езерското дерби, Kadmo Beach постигна пресврт откако беше поразен на првата мапа од своите струшки противници.
Последниот натпревар беше помеѓу W Team и AtroX Gaming. Иако AtroX влезе со добар моментум по победата во прелиминарниот натпревар против kNation, W Team се прикажа како поквалитетната екипа и го пополни последното место за Охрид.
Комплетна листа на екипи кои се пласираа во LAN фазата:
- Turbo
- VOSKAA
- BadBoys
- aimers
- NoBrain
- NADE
- Kadmo Beach
- W Team
Квалификуваните екипи сега ќе ги започнат своите подготовки, по што ќе се сретнат во eSports ENTiTY на 24 и 25 октомври за да се одреди првиот победник на LAN Showdown.


