Legacy со нова жртва: Бразилската екипа ги победи Falcons на Esports World Cup 2026

Ангел Костоски
1 мин. читање

Legacy постигна уште една изненадувачка победа на Esports World Cup 2026 со победата над Falcons во четвртфиналето. Бразилската екипа по втор пат слави победа над саудиската организација, откако претходно ја победи во финалето на CAC 2026.

Натпреварот го обележаа одличните перформанси на try и latto, кои заедно завршија со 1.49 и 1.37 HLTV 3.0 рејтинзи. Како и кај NAVI, така и кај Falcons само еден играч имаше позитивен рејтинг, при што m0NESY беше најдобриот играч за актуелните Major шампионите низ текот на серијата.

На останатите серии беа елиминирани и MOUZ и Vitality. MOUZ беа комфортно совладани од FUT, додека домаќините Vitality не го пронајде ритамот против Spirit. xfloud и donk ги предводеа своите екипи низ двете серии, при што двајцата постигнаа над 1.40 HLTV 3.0 рејтинг.

- РЕКЛАМА -

Утре ќе се играат полуфиналињата помеѓу FURIAFUT и LegacySpirit. Победниците на овие натпревари ќе се сретнат во финалето, додека поразените екипи ќе играат натпревар за третото место.