MOUZ постигна пресврт во тесна серија со GamerLegion на Esports World Cup 2026

Ангел Костоски
2 мин. читање

Првиот ден на плејоф фазата на Esports World Cup 2026 заврши, во кој добивме четири тесни и интересни серии. Меѓу екипите кои се пласираа во наредната рунда се и шампионите на BLAST Bounty 2026 Season 2, MOUZ, кои постигнаа пресврт и успеаја да ја победат екипата на GamerLegion.

По првата мапа, која заврши со резултат 13-11 за MOUZ, двете екипи одиграа 41 рунда за да се одреди победникот на Ancient. Иако xertioN и torszi беа фантастични низ текот на втората мапа, екипата на GamerLegion возврати со подобра тимска игра и ја изедначи серијата со победа од 22-19.

На последната мапа, GamerLegion започна со одличен ритам и освои 10 рунди во првото полувреме на Nuke. Откако се променија страните, xelex беше беспрекорен со 2.04 HLTV 3.0 рејтинг на CT-страната и преку неговиот одличен настап на последната мапа, MOUZ стигна до победата.

- РЕКЛАМА -

Истото сценарио се одигра и во серијата помеѓу Aurora и FURIA, која се одигра низ сите три мапи, а победници беа Бразилците по одличен пресврт по промената на страните на последната мапа. Wicadia имаше одличен настап за новата меѓународна екипа, но не беше во можност да го спречи molodoy, кој исто така одигра фантастична серија.

На останатите натпревари, G2 беа поуспешни од Astralis со помош на нивното најново засилување r1nkle, додека екипата на magic не можеше да ги спречи dziugss и FUT, кои успешно се пласираа во четвртфиналето.

Утре ќе се одигра вториот ден од осминафиналето, во кој ќе настапат голем дел од фаворитите, откако дел од нив не успеаја да ги освојат своите групи.