Прво четвртфинале за magic на PGL Astana 2026

Ангел Костоски
2 мин. читање

Младата постава на magic обезбеди пласман во четвртфиналето на својот прв Tier-1 LAN турнир на PGL Astana 2026. Тие претставуваат уште еден редок пример на екипа која успеала да стигне до плејоф фазата откако започнала од отворените квалификации.

magic го започна турнирот со два порази против MongolZ и Monte, но успеаа да врзат три последователни победи над K27, HEROIC и Gentle Mates за да го постигнат својот најголем успех досега. Во четвртфиналето ќе се сретнат со 9z, кои исто така се едно од најголемите изненадувања на турнирот со победите над PARIVISION, Falcons и MOUZ.

Од останатите екипи кои ќе настапат во четвртфиналето, Spirit беа единствената фаворизирана екипа која ја заврши групната фаза без пораз. Нив ги очекува натпревар против G2, кои со победата над Monte ја завршија групната фаза со три победи и два порази.

Falcons со новиот капитен karrigan имале само еден кикс против 9z пред да стигнат до четвртфиналето, додека нивен противник ќе биде FURIA, кои ќе се надеваат дека molodoy ќе продолжи со своите одлични настапи.

- РЕКЛАМА -

Последните две екипи кои ќе се сретнат во петок се новиот состав на MOUZ и Aurora. Двете екипи веќе одиграле еден натпревар во групната фаза, во кој поуспешни биле MOUZ, па затоа турската постава на Aurora ќе има дополнителна мотивација за победа.

ОЗНАЧЕНО: