Уште три екипи се пласираа во втората фаза на PGL Singapore 2026 Major

Ангел Костоски
2 мин. читање
Фото: João Ferreira / PGL

Eternal Fire, PARIVISION и Liquid се пласираа во втората фаза на PGL Singapore 2026 Major откако ги добија своите натпревари против M80, Lynn Vision и Imperial.

Eternal Fire беа првите кои го потврдија својот пласман со победата над M80. Турската организација одигра подобра тимска игра за да го надмине одличниот настап на JBa, кој во текот на сите три мапи беше најдобриот играч на M80.

PARIVISION со убедлива победа од 2-0 против Lynn Vision го потврди своето место во наредната фаза. Клучниот играч во серијата беше FL1T, кој со HLTV 3.0 рејтинг од 1.43 беше најдобриот играч на серверот.

- РЕКЛАМА -

Liquid беше последната екипа која обезбеди место во втората фаза, одигрувајќи прилично тесна серија против Imperial. На трите од четирите полувремиња во двете одиграни мапи, двете екипи беа изедначени, но на крајот, квалитетот и искуството на Liquid беа доволни против бразилската екипа.

На спротивната страна од брекетот, заврши настапот на FaZe, 9z и Chinggis Warriors. FaZe беа немоќни против HEROIC, кои на двете мапи што ги освоија им дозволија да освојат само шест рунди. 9z започна со победа на првата мапа против 100 Thieves, но потоа беа лесно совладани на Dust2 и Ancient. Chinggis Warriors одиграа тесен натпревар против Wildcard, но откако не ги искористија своите можности за да ја освојат серијата, победата ја постигна американската организација.

По завршувањето на третиот ден, останаа уште три места во втората фаза, кои ќе ги пополнат победниците на натпреварите помеѓу Lynn Vision-HEROIC, Imperial-Wildcard и M80-100 Thieves.