Денеска се одиграа последните натпревари од групната фаза на PGL Masters Bucharest 2026, по кои ги дознавме сите екипи што ќе настапат во плејоф фазата, која започнува во четврток.
FUT беше меѓу првите екипи што се пласираа во плејоф фазата, откако успешно дебитираа со SunPayus без да претрпат ниту еден пораз. BetBoom исто така продолжи понатаму без пораз, додека со по еден пораз се пласираа и Aurora, MOUZ и Vitality.
Меѓу најинтересните екипи што се квалификуваа за следната фаза е младата постава на Nemiga, која со три победи и два пораза го потврди својот настап на плејофот, а со тоа и пласманот на PGL Singapore Major 2026 според моменталната VRS ранг-листа. Последните две екипи што се пласираа беа FURIA и NAVI, кои во последниот ден ги совладаа Liquid и Spirit.
Утре ќе се одиграат четвртфиналињата, почнувајќи од 9:00 часот, кога ќе се сретнат младите состави на FUT и Nemiga. По нив ќе следува дуелот помеѓу Vitality и NAVI, потоа Aurora ќе се соочи со MOUZ, а денот ќе го затворат FURIA и BetBoom во реваншот од финалето на Thunderpick World Championship 2026.


