FaZe со победа од 2-1 над MongolZ ќе продолжи во полуфиналето на BLAST Bounty 2026 Season 2. Овој успех претставува трет последователен пласман во полуфинале по заминувањето на karrigan.
На останатите натпревари од четвртфиналето, Spirit успеа со убедлива победа од 2-0 да ги совлада Liquid. Северноамериканската постава прикажа обновен квалитет по засилувањата на JT и Jorko и ќе се надева дека на наредните турнири ќе може да го продолжи истиот моментум.
MOUZ преживеа тесна серија против 3DMAX по одличен пресврт, додека солидниот настап на phzy беше клучен за победата на Astralis против paiN.
Во полуфиналето ќе се сретнат Spirit и FaZe, додека во второто полуфинале ќе играат MOUZ и Astralis. Натпреварите ќе се одиграат утре, а победниците ќе се сретнат во финалето во недела.


