Во групната фаза Македонија заврши на второто место, со еден пораз од Словачка и победа против Мексико. Во осмина финалето успеавме да ги победиме Словачка со 2:1, во четврт финалето ги победивме Косово со 2:0, но Романците беа подобри во полуфиналето со 2:1. Поради тоа Македонија се најде во Losers Bracket, каде не чекаше тешок противник, Украина.
Во полуфиналето на губитници, после тешки партии на резултат од 1:1, успеавме да се вратиме од 15:10 разлика, и да победиме со 19:16 на Inferno во највозбудливата партија на турнирот. Со таа победа се пласиравме во финалето, каде повторно не очекуваа Романија.
Во финалето нашите момци беа повеќе од спремни да се одмаздат за поразот во полуфиналето и убедливо да ја победат Романија со 2:0 на мапите Inferno и Mirage, освојувајќи го златниот медал на Светското првенство и $10 000 награда.
Едно големо браво до дечките за тоа што не направија денес сите горди, и им посакуваме уште многу вакви успеси на нацонално и клубско ниво!