FlyQuest и Imperial со успешен прв ден на првата фаза на PGL Singapore 2026 Major

Ангел Костоски
2 мин. читање
Фото: Adela Sznajder/PGL 2026

Повторно потценети, но сепак најсреќни. FlyQuest ја започна првата фаза на Major-от со две победи над Eternal Fire и PARIVISION. Со нив изненадувачки настапија и Imperial, кои со победи над HEROIC и 100 Thieves го завршија првиот ден со перфектен учинок.

Двете изненадувања ќе се сретнат утре за да се потврди првата екипа која ќе настапува во втората фаза, додека во другиот натпревар ќе се сретнат Ninjas in Pyjamas и Liquid. Ninjas in Pyjamas забележаа победи над M80 и Lynn Vision, а Liquid комотно ги совлада BC.Game и Wildcard.

За разлика од перфектните екипи, BC.Game, која настапува под името GOSH поради локалните закони, ќе биде најразочарана од својот почеток во Сингапур. Екипата која има четворица финалисти на Major турнири е блиску до брза елиминација по катастрофалните порази од Liquid и HEROIC.

- РЕКЛАМА -

Како и кај нив, така и 9z имаа лош почеток на својот настап. Јужноамериканската екипа влезе во Major-от со седум последователни порази, по што одлучи да го замени meyern со history пред почетокот на турнирот. Промената на AWPer-от не донесе и промена во формата, со што четвртфиналистите на IEM Cologne 2026 Major ќе се борат да не испаднат од првата фаза по нивните порази до Lynn Vision и М80

Утре ќе се одиграат последните четири best-of-one серии во првата фаза, а потоа ќе ги дознаеме првите две екипи кои ќе продолжат во втората фаза и двете екипи кои ќе го делат последното место.