
24-25 ОКТОМВРИ
ПОДГОТВИ ЈА ЕКИПАТА ЗА LAN SHOWDOWN 2026
ENTiTY x ESPORTS.MK LAN Showdown 2026 е CS2 турнир што ја поврзува домашната еспорт-заедница преку отворени онлајн квалификации и LAN финале во Охрид.
Екипите најпрво ќе се натпреваруваат во онлајн квалификациите на 3 и 4 октомври. Најдобрите осум екипи ќе обезбедат место на LAN финалето, кое ќе се одржи на 24 и 25 октомври во eSports ENTiTY во Охрид.
ПАТОТ ДО LAN ФИНАЛЕТО
01 — ПРИЈАВУВАЊЕ
Собери ја својата CS2 екипа и пријави се во периодот од 1 септември до 1 октомври 2026 година.
02 — ОНЛАЈН КВАЛИФИКАЦИИ
Пријавените екипи ќе се натпреваруваат онлајн на 3 и 4 октомври за место меѓу најдобрите осум.
03 — LAN ФИНАЛЕ
Осумте најдобри екипи ќе се натпреваруваат во живо на 24 и 25 октомври во eSports ENTiTY во Охрид.
ФОРМАТ И УЧЕСТВО
ФОРМАТ НА НАТПРЕВАРУВАЊЕ
Игра: Counter-Strike 2
Квалификации: Отворени онлајн квалификации
Број на LAN финалисти: 8 екипи
Систем: Single Elimination
Онлајн квалификации: 3–4 октомври 2026
LAN финале: 24–25 октомври 2026
КОТИЗАЦИЈА
Котизацијата за учество во онлајн квалификациите изнесува 3.000 денари по екипа.
Екипите што ќе обезбедат место на LAN финалето уплаќаат дополнителни 3.000 денари за учество во LAN фазата.
Информациите за уплатата и потврдувањето на учеството ќе бидат доставени до пријавените екипи.
150.000 ДЕНАРИ
ГЛЕДАЈ ГО LAN SHOWDOWN 2026
Следи ги најдобрите CS2 екипи во борбата за шампионската титула.
Преносот од LAN финалето ќе биде достапен на Twitch каналот на ESPORTS.MK и на YouTube-каналот на eSports ENTiTY. Комплетната турнирска продукција е предвидена за LAN финалето во Охрид.
НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА
Кога е отворено пријавувањето?
Пријавувањето е отворено од 1 септември до 1 октомври 2026 година. Пријавата се смета за потврдена по пополнување на формуларот и уплата на котизацијата за онлајн квалификациите.
Колкава е котизацијата и како се одвива плаќањето?
Котизацијата за учество во онлајн квалификациите изнесува 3.000 денари по екипа и се уплаќа по потврдувањето на пријавата, согласно инструкциите од организаторот. Екипите што ќе обезбедат пласман на LAN финалето уплаќаат дополнителни 3.000 денари за учество во LAN фазата.
Како ќе се игра онлајн делот?
Онлајн квалификациите ќе се одржат на 3 и 4 октомври 2026 година и ќе се играат во Single Elimination формат. Екипата што ќе загуби натпревар го завршува своето учество, додека победникот продолжува во следната рунда. Распоредот, противниците и инструкциите за одигрување ќе бидат доставени до пријавените екипи пред почетокот на квалификациите. Најдобрите осум екипи ќе обезбедат пласман на LAN финалето.
Доколку се квалификуваме за LAN финалето и сме од друг град, дали е обезбедено сместување?
Сместувањето и патните трошоци не се покриени од организаторите во рамки на првото издание на LAN Showdown. Сепак, на екипите што доаѓаат од други градови ќе им понудиме информации и препораки за поволни и практични опции за сместување во Охрид, со цел полесно организирање на нивниот престој.
Кои се придобивките од учеството на турнирот?
Затоа што LAN Showdown не е само доаѓање, играње меч и враќање дома. Тоа е цел викенд во Охрид со екипата, многу CS2, дружење со други играчи, смеа меѓу мечевите и добра забава откако ќе заврши играњето. Ќе запознаете нови луѓе, ќе се тргнете малку од секојдневното онлајн играње и ќе создадете приказни што уште долго ќе ги прераскажувате. А кога ќе почне мечот, тука се и титулата и наградниот фонд од 100.000 денари.
Дали сте подготвени за предизвикот?
Пријавете ја вашата CS2 екипа и изборете место меѓу најдобрите осум екипи на LAN Showdown 2026.
Пријавувањето е отворено од 1 септември до 1 октомври 2026 година.

