Пријавата ја пополнува капитенот или овластен претставник на екипата. За успешно да ја завршите, подгответе ги следните информации:
Котизацијата за учество во онлајн квалификациите изнесува 3.000 денари по екипа. Екипите што ќе обезбедат место на LAN финалето уплаќаат дополнителни 3.000 денари за учество во LAN фазата. Информациите за уплата се достапни на последниот чекор од пријавата.
Пред испраќањето, проверете дали сите внесени информации се точни и целосни.
Информациите собрани преку оваа пријава ќе бидат користени исклучиво од страна на ESPORTS.MK и eSports ENTiTY за потребите на организација, реализација и промоција на турнирот, како и за маркетинг активности. Податоците нема да бидат достапни или споделувани со трети лица, освен во случаи кога тоа е предвидено или задолжително согласно закон.
Котизацијата за учество во онлајн квалификациите изнесува 3.000 денари по екипа. Екипите што ќе обезбедат место на LAN финалето уплаќаат дополнителни 3.000 денари за учество во LAN фазата.
По поднесувањето на пријавата, претставникот на екипата ќе биде контактиран од организацискиот тим со инструкции за уплата. Пријавата се смета за официјално потврдена по евидентирањето на уплатата.
За официјално потврдување на пријавата потребно е да се изврши уплата на котизацијата во износ од 3.000 денари по екипа.
Информации за уплата
Примач: Здружение за развој на електронски спорт Е-СПОРТС ЕНТИТИ ОХРИД Охрид Банка: ТТК БАНКА АД Скопје Трансакциска сметка: 290-0000024804-38 Износ: 3.000 денари Цел на дознака: [Име на екипата]
Уплатата треба да биде извршена најдоцна во рок од 48 часа по поднесувањето на пријавата. Пријавата се смета за официјално потврдена откако уплатата ќе биде евидентирана од страна на организаторите.