ESPORTS.MK

Zven е префрлен во академијата на C9 и е заменет од K1ng

Zven е префрлен во академијата на C9 и е заменет од K1ng
јуни 06
16:10 2021

ADC играчот на Cloud9 Jesper “Zven” Svenningsen нема да игра за првиот тим на почетокот на летниот дел од сезоната, откако американската спортска организација официјално потврди дека Calvin “K1ng” Truong ќе го замени на сцената на LCS.

Иако Cloud9 триумфираше на крајот на пролетниот дел од сезоната во LCS лигата, освојувајќи го Mid-Season Showdown, слабиот резултат на MSI 2021, каде ја зазедоа само петтата позиција, доведе до промени во тимот. Фановите очекуваа промена на позицијата во џунглата откако Robert „Blaber“ Huang се најде во центарот на вниманието на критичарите поради лошата игра во поголемиот дел од турнирот, но на крајот беше одлучено Zven да се повлече на неодредено време од првиот тим.

Zven дојде во Cloud9 на крајот на 2019 година, кога и K1ng започна да игра за C9 Academy. Австралиецот претходно играше за Dire Wolves, Legacy Esports и MAMMOTH во Австралија и зад себе има една титула во Австралија, како и две LCS academy титули.

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ