ESPORTS.MK

Завршија првите 2 натпревари од Mid-Season Showdown

Завршија првите 2 натпревари од Mid-Season Showdown
март 23
00:26 2021

Тоа беше поблиска серија отколку што можеа да наведат некои од бројките. Натпреварот на Team Liquid-TSM не разочара. Двата од најдобрите тимови на LoL во регионот на Северна Америка приредија серија што прикажуваше акција, уникатни избори и максимално ги покажаа идентитетите на екипите, одејќи во остатокот од Mid-Season Showdown.

И двата тима се осмелија да отстапат малку од нивните типични стилови на игра, особено во мид лејн. За TSM, тим чиј идентитет се врти многу повеќе околу PowerOfEvil отколку тој на Liquid околу Jensen, дебатата се одвиваше напред и назад за тоа дали неподготвеноста на PoE да игра нешто друго освен hyperscaling mages на крајот на играта е слабост што треба да се изложи или е силна сила.

И додека неговите јаки страни се уште се јасно пикови како Azir од списокот на шампиони, тој имаше добри настапи на Lucian и Seraphine избори што ги играше само еднаш во 2021 година. но пукнатините во постојаниот успех на TSM во пролетниот Сплит играјќи околу полиса за осигурување со late games инвовирајќи го PowerOfEvil се покажаа против освежениот Team Liquid.

Првиот натпревар почна во корист на TSM и беше така во голем дел, но одлуките во подоцнежните периоди на игра од страна на TSM едноствно го подарија натпреварот на TL. Вториот наптревар беше доста еднонасочен и Team Liquid поведоа со 2-0. Но, во третиот пат на Summoners rift  композицијата на TSM, ова best of 5  го направи во вистинска серија со победата и нивниот прв поен.

Четвртиот гејм беше доста поблизок од тоа што се претпоставуваше, но проблемот беше на топ лејн каде што Huni немаше воопшто добар гејм на Gragas и со разликите во CS  и неповолната состојба на мапата за TSM. Приближувајќи се на приближно 8000 gold предност во 21 минута, Liquid беше цврсто во контрола во средниот дел од натпревар и 14 минути подоцна само ја запечати победата против TSM со резултат од 3-1.

Во врска со вториот натпревар, Cloud9  после рутинска изведба во секој лејн, го започнаа својот пат во Mid-Season Showdown во 2021 година со совршен резултат од 3-0 против 100 Thieves.

Целата серија беше прилично активна, со тоа што повеќе играчи што блескаа беа од Cloud9. Без разлика дали тоа беше одличното играње во џунглата и тајмингот на Blaber за Perkz да игра добро на првите два натпревари со Orianna и Yone или нешто друго, тимот доминираше.

Меѓутоа, една од најголемите приказни на денот беше изведбата на новиот врвен топ ланер на Cloud9, Fudge, за кого многумина веруваат дека „top difference“ во споредба со Ssumday во текот на целата серија. На почетокот на сезоната, навивачите беа скептични кон 18-годишното момче, но тој покажа огромен раст во последните шест недели од неговото деби на Lock-in турнирот.

MSS 2021 година се враќа следната недела во сабота, 3 април.

 

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ