ESPORTS.MK

Заврши третата сезона на EPIC League

Заврши третата сезона на EPIC League
март 22
19:35 2021

Viking.gg победници во првата дивизија, а Puckchamp победници во втората дизивија на третата сезона на EPIC League.

Во горната дивизија на турнирот најсилни тимови беа Viking.gg и Team Spirit. Team Spirit стигнаа до финалето без пораз, а Viking.gg изгубија од самите Team Spirit во финалето од горниот бараж, но затоа пак ги совладаа High Coast Easport во долниот бараж и се најдоа во финалето.

Во првиот меч од финалето, Team Spirit беа доминантни, и релативно лесно ги совлададаа Viking.gg. Со ваков почеток, сите мислеа дека ќе се повтори финалето од горниот бараж и Team Spirit ќе го освојат трофејот. Но не беше така, Viking.gg ги консолидираа редовите, и за 22 минути со резултат од 18:1 во убиства, ги уништија Team Spirit во вториот меч. Останатите два меча беа рутина за Viking.gg, ги победија реалтивно лесно и стигнаа до трофејот во горната дивизија.

Во долната дизивија од турнирот, Puckchamp како тим станува се по видлив во очите на јавноста. Патот до финалето им беше реалтивно лесен, ги совладаа сите противници, а имаа само еден изгубен меч против Team Unique. Во финалето ги победија Prosti Esli со резултат од 2:0 и стигнаа до трофејот.

Наградниот фонд за првата дивизија на овој турнир беше 85.000$, од кои што Viking.gg како победници освоија 20.000$, Team Spirit како второ пласирани освоија 15.000$, а High Coast Esports на третото место освоија 12.000$. Останатиот дел од наградниот фонд беше распределен на останатите тимови.

Наградниот фонд за втората дизивија беше значително помал, на вкупен износ од 15.000$, од кои што Puckchamp освоија 6.000$, Prosti Esli за второто место освоија 4.000$, a Team Unique како трето пласирани освоија 2.000$.

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK