ESPORTS.MK

Заврши групната фаза во првата македонска еспорт лига во Дота 2

Заврши групната фаза во првата македонска еспорт лига во Дота 2
јуни 08
15:30 2021

Изминатиот викенд, осум тима се бореа за место во плејоф фазата на првата македонска еспорт лига во Дота 2.

Blade Esports, eSports ENTiTY, Good Game и Bully Esport во групата А, и Arena Esports, Trazed Gaming, LEVEL Esports и CyberStruga во групата Б, ни приредија одлични мечеви во Дота 2 минатиот викенд.

Во саботата настапија тимовите од групата А, Blade Esports влегоа како фаворити во оваа група, и го опрадваа истото. Со победа на останатите тимови го осовија првото место во групата А со конечен резултат од 3-0.

Останатите тимови од групата А ја завршија групната фаза со конечен резултат од 1 – 2, и со тоа мораше да се играат решавачки мечеви за второто место во групата за да се дознае тимот кој ќе му се придружи на Blade Esports во полуфиналето на лигата.

Good Game успеаа да ги совладаат eSports ENTiTY и Bully Esport во решавачките мечеви и да го обезбедат второто место во групата А и со тоа се најдоа во полуфиналето во лигата.

Мечвите во групата Б беа доста интересни, Arena Esports успеаа да ги совладаат останатите три тима и го освоија првото место во групата Б, со конечен резултат од 3-0. Второто место во оваа група го освоија LEVEL Esports со конече резултат од 2-1, единстениот пораз го доживеаа од Arena Esports.

Со ова ги добивме четирите тима кои на 13ти Јуни ќе играат во полуфиланлните мечеви, а победниците ќе се борат во финалето за можност да ја застапуваат Македонија на светско ниво.

На 13ти Јуни можете да ги проследите меечвите од полуфиналето и финалето на првата македонска еспорт лига во Дота 2 на твич каналот на Македоснката Еспорт Федерација.

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK