ESPORTS.MK

Заврши групната фаза на националната лига во CSGO, финалето е в недела

Заврши групната фаза на националната лига во CSGO, финалето е в недела
јуни 21
19:53 2021

Изминатиот викенд, покрај големиот хајп што го имавме за нашата репрезентација на Европското првенство, гледачите можеа да бидат дел и да ги следат групните фази и игри од шестата сезона на Првата Македонска Еспорт Лига во CSGO во организација на Македонската Еспорт Федерација, а во реализација на тимот на ESPORTS.MK.

Фазата траеше два дена, а учество земаа шест тима кои се членки на МЕСФ и два тима кој своето место го обезедија преку квалификациите за лигата. Најдобрите два тима од секоја група стануаат полуфиналисти и ќе можат да играат во плејофот на лигата што е закажан за 27.6 (недела) со почеток од 14 часот, а со пренос на добро познатиот канал на МЕСФ: twitch.tv/mesf_tv. Првиот ден настапи групата А каде што играа тимовите на eSport Entity, Level Esports, Trazed Gaming и Arena Esports и во формат на Round Robin x1 ги одмерија силите во нивните шест меча. Најдобри од оваа група беше тимот на eSports Entity кои беа неприкосновени во своите игри и успеаа да прокнижат три победи од три одиграни меча, а со тоа да заслужат девет поени и првото полуфинално место. Втори на табелата со шест освоени бода и со само еден изгубен меч беше тимот на Trazed Gaming, Arena Esports табеларно заврши на третото место со три бода и еден победен меч, а ниту една победа не успеа да постигне тимот на Level Esports.

Наредниот лигашки ден беше резервиран за четирите тима од групата Б односно Good Game, Bully Esports, Blade Esports и CyberStruga кои на ист принцип одиграа како и оние тимови од групата А. Како најдобар од нив се покажа квалификуваниот тим на Good Game кој заслужено се искачи до првото место на табелата со освоени девет поени и беа без пораз. Веднаш зад нив беше тетовскиот Bully Esports со освоени шест поени и еден изгубен меч. Трети беа Blade Esports со три табеларни поени и само една победа, а последни во оваа група завршија дечките од CyberStruga кои немаа ниту една победа.

Финалето е предвидено за четирите најдобри тима од овие групи и ќе се сретнат по принцип 1-4 и 2-3 в недела каде во бо3 натпревари во полуфиналето и финалето ќе се обидат да се крунисаат како наша репрезентација.

На пласираните тимови им посакуваме многу среќа во претстојните игри.

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ