ESPORTS.MK

Заврши DPC сезоната во Кина, и со тоа се комплетираа тимовите за Singapore Major

Заврши DPC сезоната во Кина, и со тоа се комплетираа тимовите за Singapore Major
март 14
17:28 2021

DPC сезоната во регионот на Кина траеше подолго за разлика од останатите региони. Оваа одложување настана бидејќи распоредот се поклопи со Кинеската нова година.

Последните две недели се играа завршните кола во сезоната, а денеска се играа решавачки мечеви за првото и четвртото место место во регионот на Кина. Тимовите кои успеаа да се квалификуваат за Singapore Major се следните: Invictus Gaming, Team Aster, Vici Gaming и PSG.LGD.

Invictus Gaming, Team Aster и Vici Gaming ги имаа обезбедено првите три места на табелата, но не се знаеше кој тим ќе биде на врвот на табелата. Invictus Gaming во интересна партија ги совлада Team Aster и го одговори ова прашање. Но тоа не беше партијата што фановите ја чекаа, битката помеѓу Elephant и PSG.LGD беше за четвртото место и Wild Card Spot на Singapore Major. Супертимот на Somnus’ M и Fy потфрли, и го изгубија мечот со 2-0.

Со ова се комплетираа тимовите за првиот Major во оваа година. Тимовите што ќе ги гледаме на Singapore Major се следните:

1. Team Secret
2. Alliance
3. Nigma
4. Team Liquid

5. Fnatic
6. Neon Esports
7. T1

8. Virtus Pro
9. Na’Vi
10. AS Monaco Gabmit

11. Evil Geniuses
12. Quincy Crew

13. Beastcoast
14. Tunder Predator

15.Invictus Gaming
16.Team Aster
17.Vici Gaming
18.PSG.LGD

Wild Card тимови се AS Monaco Gambit, PSG.LGD, T1, Team Liquid, Team Nigma и Vici Gaming.

Тимовите кои ќе играат директно во групната фаза се: Alliance, Na’Vi, Neon Esports, Quincy Crew, Team Aster и Tunder Predator. Првите два тима од Wild Card групата ќе им се придружат на овие тимови во групната фаза, а првите два тима од групната фаза одат во горната дивизија на playoff серијата, додека пак следните четири тима одат во долната дивизија. Последните два тима од групната фаза отпаѓаат од турнирот.

Тимовите кои дирекно се повикани во playoff серијата се: Team Secret, Finatic, Virtus Pro, Evil Geniuses, Beastcoast и Invictus Gaming.

Сите со нетрпение го чекаме почетокот на првиот LAN Major за оваа година.

 

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK