ESPORTS.MK

Започнува Doritos Balkan League во CS:GO

Започнува Doritos Balkan League во CS:GO
април 26
17:41 2022

Во текот на следните два месеци, CS:GO тимовите ширум Балканот ќе се борат во борбата за наградниот фонд од 7,000 евра. Тимовите ќе настапат со една цел – да дознаат кој го има најдобриот CS:GO состав на Балканот.

Часовите и часовите што ги помина играјќи CS:GO сега е време да ги оправдаш. Осмели се, собери тим и пријави се на лигата.

Doritos Balkan League е во организација на Tiltproof од Босна и Херцеговина а во покровителство на Doritos брендот. Во лигата ќе учествуваат врвни тимови од сите земји од Западен Балкан.

Лигата ќе се одвива низ неколку фази – прво квалификациите, па групната фаза, па плеј-офот каде ќе го имаме големото финале.

На овој ЛИНК можеш да ја пријавиш твојата екипа на квалификациите кои ќе се одиграат во четири рунди.

Покрај инстаграм профилите на Doritos и Tiltproof каде што ќе се објавуваат сите важни и најнови информации во текот на лигата, отворен е и Doritos Discord сервер каде ќе бидат присутни познати имиња од регионалната YouTube гејминг сцена.

Лигата ќе трае од 26 април до 12 јуни 2022 година.

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ