ESPORTS.MK

Започна нов турнир во Дота 2, Epic League!

Започна нов турнир во Дота 2, Epic League!
ноември 12
23:31 2020

Не очекуваат возбудливи натпревари во групната фаза на Epic League!

Денес започна гупната фаза на уште еден турнир каде што ќе се гледаат врвни натпревари во Дота 2, Epic League, турнир каде што најдобрите тимови на EU/CIS регионот ќе се борат за првото место.

Има повеќе изненадувања на Дота сцената во моментот, а посебно на овој турнир. Првично, Virtus Pro, тим што не беше активен во последниов период, го унапреди својот втор тим во прв. Оваа одлука беше донесена одкако вториот тим, VP. Prodigy, имаа одличен пласман на OGA Dota PIT Season 3 со освоено второ место.

Второто изненадување е квалификацијата на тимот Just Error, тим составен од четири поранешни играчи на Virtus Pro од првиот состав и тоа No[O]ne, Ramzes, Solo и Zayac.

Петиот играч во овој супер состав е Sumail, поранешниот член на EG и OG, односно играч што многумина го сметаа за најдобриот мид на светот.

Начинот на кој што се квалификуваше Just Error беше многу мистериозен. Во квалификациите за Epic League беше оставено слободно место се до самото финале, каде што се појави Just Error и ги совладаа Yellow Submarine.

Денеска се играа интересни натпревари помеѓу Virtus Pro и OG, каде што Virtus Pro издвои убедлива победа со 2-0 и Na’Vi против Team Liquid каде што победници беа Na’Vi со 2-1.

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK