ESPORTS.MK

За 24 саати успеа да собере 2,000,000 долари за добротворни цели

За 24 саати успеа да собере 2,000,000 долари за добротворни цели
декември 27
14:58 2019

Популарниот Twitch стример Benjamin “DrLupo” Lupo одржа еден стриминг маратон од 24 саати, и за тоа време успеа да собере 2.3 милиони долари во донации кои ќе одат како помош на болницата која се бави со борба против ракот.

Втора година по ред, DrLupo ги собра своите гледачи играјќи 24 саати без престан се со цел да собере донации за болницата Jude Children’s Research Hospital. Тој предходната година во рок од 24 саати успеа да собере преку 600,000 долари донации. Оваа година успеа да ги престигне своите очекувања.

Во официјалното соопштение од болницата стои дека DrLupo за 24 саати успеа да собере вкупно 16,000 донации од 13,000 гледачи поради што и беше прогласен за креатор на годината. DrLupo при крајот на неговиот стрим имаше собрано околку 1.3 милиони долари, кога во трката се приклучи и самата платформа Twitch и донира 1,000,000 долари.

После стримот, Lupo изјави дека неговата цел од секогаш била да помага на луѓето и да е Twitch заедницата денеска израсната во една гејминг заедница каде сите како пријатели се трудат да спасат нечиј живот.

Болницата St. Jude вработува доктори кои работат на развој на нови методи во борбата против ракот, а на ова место голем број деца од Америка и ширум светот се лечат потполно бесплатно.

 

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK