ESPORTS.MK

WISE Ventures Esports се ребрендира во Version1

WISE Ventures Esports се ребрендира во Version1
февруари 11
13:00 2021

WISE Ventures Esports го финализира своето ребрендирање во Version1, a од компанијата најавија дека ќе имаат потпишување на нов VALORANT ростер.

Ова ребрендирање ни доага од кога организацијата  се подготвува да ги изведе своите планови за континуиран раст и да ја зголеми својата палета на содржината што ја нуди.

Стартната линија на VALORANT ќе биде подготвена и спремна во првата сезона од Champions Tour под името Version1, покрај стартната линија што ја имаат за Rocket League, што е веќе објавена уште во август минатата година, веднаш по лансирањето на овој бренд.

Сега е времето да ги подредиме нашите организациски иницијативи под името на Version1 брендот. Со три компетативни еспорт тима и планови за понатамошен континуиран раст и диверзификација на наѓата содржина, конечно стигнавме до нашата важна пресвртница, вели Brett Diamond, главен операциски офицер во Version1

Поддршката од фановите на Røkkr и Version1 е одлична, а ние едвај чекаме да продолжиме со градење на нашата фан заедница ширум целата земја, токму од тука, во Минесота, додава тој.

Од објавата и лансирањето на брандот, Version1 успеа да придобие речиси 160.000 следбеници од повеќето социјални медиа платформи како и да регрутира преку 20 нови членови на персоналот во нивните редови. Што се однесува за плановите за раст, тие вбројуваат потишување аа соработка со повеќе креатори на содржина како и зголемување на организациската содржини и продукциските капацитети.

Со Riot Games зад кормилото, ние сме повеќе од сигурни дека VALORANT ќе опстои како еспорт исто како што тоа го направија со League of Legends низ текот на годините до сега, вели Jonathan Wolf, сопственички партнер и претседател на Version1.

Консолидирајќи ги своите капацитети и способности и ставајќи ги под еден покрив е повеќе од паметен чекор за Version1, кои нависитна сакаат да си ги зголемат своите понуди во оваа 2021 година.

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK