
Заврши првиот женски турнир во PUBG Mobile кој беше организиран од страна на Smajlio Gaming на 08.10 и 09.10.
Турнирот се играше еден против еден на мала мапа по име WAREHOUSE, а победникот се дознаваше одкако еден од противниците ќе направеше 40 убиства или кој ќе има повеќе убиства во 10 минути. Сите мечеви беа BO1 (најдобар од еден) додека финалето се играше BO3 (најдобар од три).
Финалниот меч беше помеѓу Искра “WILDISKRA” Зафироска и Верица “verce10” Насева, каде што Искра имаше убедлива победа над Верица од 2:0 во мечеви. Наградата за прво место е RoyalPass сезона 15, а за второ место 300UC (unknow cash), вредности во играта. Во продолжение табелата од целиот турнир и се надеваме во иднина на повеќе вакви женски турнири, бидеќи и женските покажаа дека знаат да гејмаат понекогаш и повеќе од машките.