
Организаторот на WESG објави дека претстојното Asia-Pacific Finals е презакажано и преместено на различна локација.
Во емаил-от испратен до учесниците во четвртокот, WESG објасни дека „локалениот организатор на турнирот не бил во можност навреме да ја обезбеди потребната локална поддршка и ресурси“ за настанот, што требаше да се одржи од 3-5 јануари во Куала Лумпур, Малезија.
Турнирот сега ќе се одржи помеѓу 16 и 18 февруари во Макао, а место треба да се потврди. WESG им се извини на тимовите за сите непријатности предизвикани и вети дека ќе обезбедат „неопходна помош таму каде што е потребно“.
Virtus.Pro се главните фаворити помеѓу тимовите.
WESG APAC Finals ќе се состои од 16 екипи, утврдени преку повеќе национални и регионални квалификации. Virtus.pro, победникот во квалификациите за Централна Азија, ќе биде силно фаворизиран да обезбеди една од двете места на главниот настан на WESG што ќе се одржи во Макао, особено по повлекувањата на кинеското дуо TYLOO и ViCi, кои ќе биде заменети со OneThree и Invictus.
Тимовите за настанот во Макао се следните:
Virtus.pro
R-Stars
dream[S]cape
Ground Zero
Global
ikarus
Yalla
Absolute
Syman
Invictus
OneThree
Lucid Dream
og3od
BL4ZE
Camel Riders
AUGUST
Дали ќе се оствари очекуваното или пак ќе бидеме разочараните од фаворизираните тимови? Кои се вашите коментари и мислења?