ESPORTS.MK

WePlay AniMajor; WePlay ќе го организира вториот Major за 2021 година

WePlay AniMajor; WePlay ќе го организира вториот Major за 2021 година
мај 18
17:40 2021

Вториот и последен Major од DPC сезоната за 2021 година ќе биде организиран од WePlay и ќе се одржува во Киев, Украина.

Влеговме во шестата недела, а со тоа и во завршницата од втората DPC сезона. Одредени тимови имаат обезбедено место на вториот Major оваа година, кој ќе се игра од 2ри до 13ти Јуни. Од WePlay ги објавија деталите околу вториот Major.

На овој Major ќе се квалификуваат 18 тима. Ќе се игра LAN, но и на овој настан нема да има публика. Форматот ќе биде ист како и на Singapore Major, по четири тима ќе бидат повикани од Западна Европа и Кина, три од  Југоисточна Азија и Источна Европа, и по два тима од Јужна и Северна Америка.

Во Wild Card фазата се квалификуваат 6 тима, каде што ќе се игра во Bo2 round robin формат. Првите два тима ќе влезат во групната фаза од турнирот, додека пак останатите четири тима ќе бидат елиминирани од турнирот.

Во групната фаза ќе играат 8 тима, каде што форматот исто така ќе биде Bo2 round robin. Првите два тима ќе се квалификуваат во плејоф фазата во горниот бараж, додека пак тимовите од 3то до 6то место ќе играат во долниот бараж од плејоф фазата. Последните два тима ќе бидат елиминирани од турнирот.

Плејоф фазата ќе се игра во формат двојна елиминација(Double Elimination bracket). Четири тима ќе ја започна плејоф фазата во горниот бараж, а осум во долниот бараж.

Наградниот фонд на овој турнир ќе изнесува 500.000 долари и 2.700 DPC поени кои ќе бидат распределени на тимовите.

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ