ESPORTS.MK

Втор викенд на CEE Champions

Втор викенд на CEE Champions
октомври 19
23:06 2020

Пред нас беше и вториот викенд со фантастичен CS прикажан од страна на екипите.

Првиот ден ги имавме нашите момци од GoodGame vs романската екипа на GameAgents, изберената мапа беше Train.

Екипата на GoodGame започнаа на потешката страна на мапата односно како терори, но сепак тоа не ги спречи уште од почеток воспоставија водство од 1-5. Потоа CT страната возвратија со нивна мини серија и се вратија во мечот. На полувреме GoodGame имаа минимално водство од 8-7. Втората пиштолка за жал ја изгубија но возвратија со force-buy од нивна страна кој што беше успешен, екипите почнаа да разменуваат рунда за рунда но за жал екипата на GoodGame загуби со резултат од 19-16 со што беа елиминирани од турнирот.

Преостанатите резултати од првиот ден се следните:

Наредниот ден го имавме мечот помеѓу GodZ1337 против екипата на Na’Vi Junior. Тие со соочија на легендарната мапа Dust2.

На почеток украинската екипа имаа почетничка среќа со што врзаа повеќе рунди за да земат дури 5 рунди наспроти едната рунда на екипата на GodZ1337. Но нашите момци се вратија силно во првиот халф каде што имаа дефицит од само една рунда. На втората пиштолка го имавме фантастичниот Ahmet „2high“ Baftijari каде што успеа да направи еден интересен defuse на бомбата.

Играчите од GodZ1337 успеаја да ги победат наредните неколку рунди се до нивно водство од 14-10 каде што имавме еден фантастичен spray transfer од страна на Ahmet „2high“ Baftijari но сепак не успеа да го убие и последниот играч за да добијат водство од 15-10, но сепак тоа не беше проблем за нив бидејќи ги победија наредните две рунди и го завршија мечот со резултат од 16-11.

Најефикасни играчи на мечот беа Ahmet „2high“ Baftijari и Blaze „Hev1x“ Hristov кои беа фантастични низ текот на целиот меч.

Со тоа тие влегоа во плеј оф-от на турнирот кој ќе се одржи наредниот викенд и нивниот противник ќе биде екипата што ги победи GoodGame односно романските GameAgents.

Останатите резултати од вториот ден беа следните:

Еве го и финалниот изглед на групите:
Група А

Група Б

Група Д

Група Ц

Бидете присутни наредниот викенд да ги бодриме GodZ1337 во нивниот меч против романската екипа!

 

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПАРТНЕРИ НА ESPORTS.MK