ESPORTS.MK

Возбудливи две недели во новата DPC сезона

Возбудливи две недели во новата DPC сезона
февруари 01
20:34 2021

Новата DPC сезона ни донесе нови турнири и нови возбудувања во Дота 2. Tурнирите кои што ја започнаа годината се Dream League во Европа, а во останатите региони сите турнири се водат под Dota Pro Circuit 2021: Season 1. Тимовите имаа време да го простудираат новиот patch и овие турнири се покажуваат како одлична можност за да бидат тестирани новите стратегии.

Моментално во Европа, Team Secret и Team Nigma го делат првото место со две победи. Secret рутински ги совлада Tundra Esports и Viking.gg, додека пак Nigma со 2-1 и во двете партии ги совладаа Alliance и Liquid. Изненадување беше поразот на OG во втората недела од натпреварувањето, каде што од Alliance изгубија со 2-0. Најслаб резултат досега во натпреварувањето имаат Viking.gg и HCE( High Coast Esports) кои што немаат забележано ниту една победа.

Во регионот на Кина, после две недели првото место го делат Vici Gaming, Team Aster и Invictus Gaming. Сите три екипи имаат по две победи. Изненадувачки e што супер тимот на Somnus’M и Fy не е на врвот на табелата и го започна овој турнир со два порази и една победа. Aster покажуваат одлична игра во моментот со тоа што ги совладаа Elephant и PSG. LGD, тимови кои многумина ги сметаат за најдобрите во овој регион. Досега солидно се покажа и тимот на PSG.LGD кој има две победи и еден пораз.

Во CIS регионот  Na’Vi  е моментално доминантен. Тимот е во врвна форма и се на првото место на табелата со три победи, а одма позади нив се Virtus Pro со две победи. Овој регион има тимови кои што имаат многу силни и искусни играчи, како тимот Live to Win кој што е предводен од SoNNeiKO, но моментално се со една победа и еден пораз на овој турнир.  Дефинитивно можеме да кажеме дека Na’Vi и Virtus Pro се тимовите кои што треба да ги следниме во оваа DPC сезона.

Во регионот на Северна Америка на првото место после две недели се Evil Geniuses, ова е очекувано со оглед на тоа дека Evil Geniuses се единствен Tier 1 тим од овој регионот. Моменталнo EG се на врвот на табелата со три победи, а одма позади нив се Quincy Crew и Undying со две победи. Најслабо покажување во овој регион го имаат тимовите на 5ManMidas и A-Team кои се на дното на табелата со три порази.

Во сите овие региони, турнирите што се играат во моментот се со вкупен награден фонд од 205.000 USD, но покрај наградниот фонд многу се важни и DPC поените кои што ќе бидат освоени од тимовите, бидејќи придонесуваат за квалификување во The Internacional оваа година.

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK