ESPORTS.MK

Возбудлив последен ден од групната фаза на EPIC League

Возбудлив последен ден од групната фаза на EPIC League
декември 07
00:59 2020

Денеска заврши групната фаза од EPIC League, каде што во три тима се бореа за осмото и последно место во плeјоф фазата, а четири тима се бореа за четвртото место кое води го горниот бараж во плeјоф фазата.

Кулминацијата на групната фаза на EPIC League ни покажа дека има големи промени во Дота сцената во EU/CIS регионот во последните неколку месеци. Во моментот, тимови од кои што не се очекуваше дека ќе стигнат далеку во натпреварувањето, се на врвот на табелата, а големите тимови се бореа за место во горниот бараж.

Пред само неколку месеци Team Secret вадееше во EU регионот со осум последователни трофеи, но сега Secret се најдоа на средината на табелата, каде што се бореа за место во горниот бараж. Секако сеуште се еден од најдобрите тимови во светот, но сега се поголеми шансите да поверуваме дека нема да стигнат до финалето и до трофеј.

Тимови кои до пред некое време беа сметани за аутсајдери, сега се на врвот на табелата на EPIC League: Virtus.pro, Viking.gg и Na’Vi. Овие три тима многу напреднаа во последните неколку месеци, а може да се каже и дека Viking.gg се и еден од најдобрите тимови во EU регионот и ќе бидат големо име во новата DPC сезона што започнува следната година.

Само овие три тима обезбедија сигурно место во горниот бараж на EPIC League. За четвртото место сте бореа OG, Team Liquid, Nigma и Team Secret во tiebreaker,  бидејќи ја завршија групната фаза со резултат од 5-4 и после долг ден Team Secret го освои последното место во горниот бараж, а Nigma, Team Liguid и OG се најдоа во долниот бараж.

Битка се водеше и за останување во првата дивизија на EPIC LeagueAlliance, Mudgolems и Just Error во tiebreaker,  се бореа за осмото место, каде што Just Error со две победи се избори за истото и со тоа Alliance и Mudgolems се најдоа во втората дивизија на турнирот.

Следната недела ќе се игра плејоф натпреварувањата и очекуваме возбудлив завшеток на турнирот.

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK