ESPORTS.MK

Волшебните Suning ги изненадија TES во борбата за последното финално место

Волшебните Suning ги изненадија TES во борбата за последното финално место
октомври 30
21:35 2020

Suning уште еднаш се појави како победник во дербито на LPL на СП 2020, овој пат победувајќи го во вториот полуфинален натпревар актуелниот шампион на Кина Top Esports со резултат 3-1, со што продолжи серијата изненадувања на овогодинешниот шампионат.

Скромниот состав на Suning после целиот hype околку светското првенство 2020 година остана во сенка на победниците на претходните LPL шампионати Top Esports и JD Gaming.Од нив не се очекуваше да парираат со G2 Esports во групната фаза од натпреварувањето, но по тај-брејкот успеаја да го заземат првото место во групата А. Се чинеше дека првото место ќе ги погоди во главата откако во четвртфиналето ги извлекоа JD Gaming, но тие успеаја да ги победат фаворизираните сонародници и да обезбедат пласман во топ 4.

Suning не застана тука, иако нивниот следен тим е тимот кој ги победи со 3:0 во плејофот од летната сезона од LPL-лигата.

Во центарот на вниманието беше џунглерот Le “SofM” Quang Duy, кој ги привлече фановите со својата добра игра веќе во групната фаза, но се очекуваше неговиот агресивен и на моменти премногу наметлив стил на игра да не помине против посилните ривали. SofM продолжи постојано да им создава проблеми на противниците, но беше задоволен да го стори тоа повеќе како поддршка отколку да биде главниот carry , иако carry џунглерите моментално доминираат.

Поради неговиот специфичен стил на игра, останатите соиграчи можеа да блеснат во целосна светлина, а соло-лејнерите на тимот знаеја како да го искористат тоа.

Chen “Bin” Zebin кој постојано беше во сенка на преостанатите кинески врвни постави, одигра еден од најдобрите натпревари во неговата кариера. На првиот натпревар, тој немилосрдно го бркаше противничкиот ADC со Wukong и му дозволи на неговиот тим да излезе како победник. Во третиот и четвртиот, тој играше Jax и двата пати, и тој ја одигра улогата на split pushers.

Неговиот соиграч на мид лејн Xiang “Angel” Tao имаше релативно мирен натпревар се до решавачкиот четврти гејм кога експлодираше на Akali со 8-1-8 и за малку ќе ги уништеше противничките херои секогаш кога ќе му се укажеше можноста.

Освен победата во вториот натпревар, Top Esports не можеше да го наметне својот ритам на играта во останатите натпревари и сè што можеа да сторат на крајот беше да му подадат рака на подобриот ривал денес.

Останува да видиме како сега Suning ќе се справи со притисокот што е наметнат врз нив. Тие лично ги нокаутираа преостанатите двајца претставници на LPL-лигата во плејофот и сега нивна задача е да ја продолжат кинеската традиција и да и ја донесат на Кина третата последователна титула светски шампион во ЛОЛ на домашен терен. Во тоа, може да бидат запрени од шампионот на Кореја, Damwon Gaming, кој има за задача да ја врати титулата во LCK и да го запре тимовите на LPL.

 

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПАРТНЕРИ НА ESPORTS.MK