ESPORTS.MK

Vitality со победа против Origen остана во трката за плејоф

Vitality со победа против Origen остана во трката за плејоф
јули 26
18:54 2020

Aljoša “Milica” Kovandžić и тимот на Vitality сеуште имаат шанса да се пласираат во плејоф-от на летната сезона на LEC лигата, по искучително важна победа обезбедена против тимот на Origen во шесттата недела на сплитот.

Тимот на Vitality одлично изигра против Origen кои минатата недела врзаа две победи кога за тимот играше поранешниот супорт на екипата на Vitality, Jakub “Jactroll” Skurzynski. Всушност Jactroll беше тој што беше фокусиран што резултираше со доста лош резултат од 0/7/3 на Rakan. Младиот грчки супорт на Vitality Labros “labrov” Papoutsakis играше одлично и беше прогласен за играч на мечот.

Vitality го зазема водството благодарение на нивниот џунглер Duncan “Skeanz” Marquetu кој во мечот против Origen сосема солидно ја одигра својата улога, поготово на почетокот на мечот.
Одличен беше и Milica кој во текот на целиот гејм држеше солидно ниво на фарм, а всушност неговиот начин на користење на својот ultimate spell како Azir во вистинскиот момент и ја донесе победата на екипата на Vitality во првата голема тимска битка, после која Origen не успеа да се врати во игра до крајот на гејмот.

Со MAD Lions и Rogue кои се на врвот на таблеата со резултат од 10-2 и екипата на Schalke 04 Esport која е позиционирана на дното на табелата со резултат од 2-10, сите останати тимови ги дели само 1 победа и скоро подеднакво се во трка за преостанатите четири места за плејоф.

2 Недели пред крајот Vitality и понатака има шанса да оди во плејоф и се бори за пласман на Светското првенство 2020, а сега треба да го игра еден од најважните натпревари од останатите натпревари и тоа е против екипата на Excel Esports.

Табелата после првиот ден од шеттата недела на натпревари е следниот:
1. MAD Lions 10-2
1. Rogue 10-2
3. Fnatic 6-6
3. Origen 6-6
3. SK Gaming 6-6
6. Excel Esports 5-7
6. G2 Esports 5-7
6. Misfits 5-7
6. Vitality 5-7
10. Schalke 04 2-10

Во вториот ден се играат овие натпревари:
17:00 Vitality – Excel
18:00 Misfits – Schalke 04
19:00 MAD Lions – SK Gaming
20:00 Fnatic – Origen
21:00 G2 Esports – Rogue

 

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ