ESPORTS.MK

Vitality го освои Blast Premier Fall Final

Vitality го освои Blast Premier Fall Final
декември 14
13:29 2020

После долг шестдневен турнир, Vitality победи против Astralis во големото финале на еден од најголемите турнири за оваа година, Blast Premier Fall Final. Vitality во финалето пристигна победувајќи ги mousesports, Na’Vi и BIG.

Првата мапа од BO3 форматот беше Vertigo. Во првото полувреме, Vitality делуваше премногу моќно и доминантно и имаше предност од 8-0 за конечно Astralis да се освести и да ја земе првата рунда за нив. До крајот на првото полувреме, момците од Astralis вкупно успеаја да земат само 3 рунди со што полувремето заврши 12-3 за Vitality. Во второто полувреме, Vitality не трошеше премногу време и веднаш се фати за работа добивајќи ги последните 4 рунди, а Astralis успеа да добие само 1 за на крај вкупниот резултат да биде 16-4 во корист на Vitality.

Втората мапа беше Dust2, а на оваа мапа динамиката на играта тотално се промена. Astralis на CT страната покажа дека Vitality премногу рано почна да слави па така се до 9 рунда Vitality неможеше да добие ниту една рунда. Првото полувреме заврши со резултат 11-4 за Astralis. Во второто полувреме Vitality како да се разбуди. Но тоа не беше доволно за да стигнат до победа бидејќи на Astralis им фалеа само уште 5 рунди за да ја победат мапата и истите ги добија, со што крајниот резултат на оваа мапа беше 16-14 за Astralis.

Третата мапа беше Inferno. CT страната се покажа како подобра страна за двата тимови на сите мапи. Astralis успеа да ја освои првата рунда, но Vitality успеа да ја добие force buy рундата и да доминира се до 7-мата. Иако сите преостанати рунди во првото полувреме беа навистина изедначени, Vitality успеа да го затвори резултатот со 12-3. Потребно беше само чудо за Astralis да се врати во мечот, но тоа не се случи. Vitality ја доби пиштол рундата и на брзина ја доби и force buy рундата. Иако Astralis ги доби следните 2 рунди, Vitality го затвори мечот со вкупен резултат од 16-5 и со тоа станаа шампиони на Blast Premier Fall Final.

Наградниот фонд за овој турнир изнесуваше 425,000 долари и беше поделен на сите осум учесници.

1. Team Vitality – 225,000 долари

2. Astralis – 85,000 долари

3. BIG – 40,000 долари

4. Na’Vi – 25,000 долари

5-6. FURIA – 15,000 долари

5-6. G2 – 15,000 долари

7-8. OG – 10,000 долари

7-8. mousesports – 10,000 долари

 

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПАРТНЕРИ НА ESPORTS.MK