ESPORTS.MK

Virtus Pro победници на EPIC League

Virtus Pro победници на EPIC League
декември 14
01:50 2020

Возбудлив ден за Дота фановите со финалето на EPIC League.

Првично се играше финалето во втората дивизија на лигата помеѓу Live to Win и Alliance.

Патот кон финалето за тимот на Alliance беше релативно лесен, со победи од 2-0 над Winstrike, Spider Pigzs и Just Error, но во финалето на долниот бараж на втората дивизија, Alliance наиде на Gambit Esport, каде што по тешки 5 партии го поразија Рускиот тим со 3-2 и се најдоа во финалето на втората дивизија на EPIC League.

Alliance ја започна серијата со победа во првиот натпревар каде што за 27 минути ги совладаа Live to Win. Потоа дојде до пресврт со победа на Live to Win во следните две партии, но Alliance со Mars и Omniknight стратегија ги победи последните две партии за да дојдат резултат од 3-2 и првото место во втората дивизија на EPIC League.

Покрај тоа што беше возбудливо во втората дивизија, сите со нетрпение го очекувавме финалето на првата дивизија помеѓу OG и Virtus Pro.

OG, тимот каде што игра Македонецот Мартин ” Saksa ” Саздов, ја започнаа серијата со пораз и покрај тоа што го имаа избрано Earth Spirit за Сакса и Morphling за Топсон. Стратегија која овој тим често ја практикува и херои на кои што овие двајца играчи се најдобри.

И покрај поразот, во втората партија повторно беа избрани Earth Spirit и Morphling за Сакса и Топсон, но овој пат издвоија победа. Брзата игра и движењето низ мапата на тимот на OG беше премногу за да го издржат тимот на Virtus Pro.

Истото се случи и во тетата партија, каде што за само 18 минути OG ги уништи Virus Pro и со тоа тимот на OG се најде во водство со 2-1.

Во четвртата партија тимот на Virtus Pro го банираше Morphling на Топсон и не им дозволија на OG да го играат познатото комбо на херои. Ursa-та на Epileptick1d владееше низ мапата, додека пак Rubick-от на Save беше клучен за контрола на противниците. Тимот на OG немаа одговор за оваа стратегија и Virtus Pro изводи победа и со тоа го доведе резултатот до 2-2.

Во петтата и решавачка партија, двата тима комплетно ја сменија стратегијата и со тоа драфтот на херои. Epileptick1d повторно беше во центарот на вниманието со неговиот Phantom Assassin што на крајот беше незапирлив по купувањето на Divine Rapier. Virtus Pro извдоија победа во последната партија со тоа го доведоа резултатот до 3-2 и го освоија првото место во првата дивизија на EPIC League.

Virtus Pro е тим неколку месеци не беше активен, но пред почетокот на овој турнир го унапредија својот втор ростер(Virtus Pro. Prodigy) во прв за да игра на EPIC League и со тоа не згрешија.

За Сакса ова беше второ финале со тимот на OG, и се надеваме дека ќе го гледаме на многу повеќе.

Тимот на ESPORTS.MK на Сакса му посакува многу успеси и што повеќе освоени турнири во иднина.

 

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK