ESPORTS.MK

Viking.gg се раздели со офлејнерот Tobi по испаѓањето од горната дивизија на DPC

Viking.gg се раздели со офлејнерот Tobi по испаѓањето од горната дивизија на DPC
февруари 27
23:18 2021

Viking. gg најави дека нивниот досегашен офлејн играч Tobias “Tobi” Buchner не е повеќе дел од тимот.

Со Tobi, Viking. gg од релативно непознат тим, стана доминантна сила од тиер 2 тимовите во Европа, освојувајќи прво место во турнири како BTS Pro Series 3 и The Summit 13.

После вакви победи Viking.gg стана сериозна закана за тиер 1 тимовите во Европа. Тоа го докажаа со победи над тимови како Team Secret и OG, на online турнирите што се играа во 2020 година.

Покрај тоа што не успеаа да освојат трофеј во 2020, многумина сметаа дека ќе ја заджат формата и ќе бидат сериозна закана за најдобрите тимови во Европа. Но првата DPC сезона за тимот во 2021 не беше најдобра.

Покрај тоа што успеаа да се квалификуваат во горната дивизија во Европа, нивната игра беше недоволна за да останат во истата и завршија со вкупен резултат од 2-5, и покрај имресивните победи над OG и Nigma.

Со овој резултат Viking.gg паднаа во долната дивизија на Европа во втората DPC сезона и нема да ги гледаме на Major во 2021, што значи дека единствена шанса за да стигнат до TI 10 оваа година е преку регионалните квалификации.

Во втората половина од DPC сезоната Viking.gg играа со Maurice “KheZu” Gutmann како замена за Tobi. Тимот сеуште нема најавено кој ќе биде замена за Tobi, но со оглед на тоа дека KheZu е сеуште слободен агент, а до сега играше за Viking.gg, се чини дека тој ќе биде новиот офлејнер на тимот.

KheZu е најпознат по неговото време во Team Secret. Долго време одкако го напушти Secret не можеше да најде успешен тим за кој што би можел да игра, но и покрај тоа сеуште е сметан за еден од најдобрите офлејн играчи и со тоа се очекува да биде силен додаток во тимот на Viking.gg.

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK