ESPORTS.MK

Viego исклучен, пронајден е баг што уништува кула со еден удар

Viego исклучен, пронајден е баг што уништува кула со еден удар
март 04
19:57 2021

За многу League of Legends играчи, Viego е инстант бан изминатото време поради тоа што е откриен нов баг што речиси ја крши играта што дозволува на овој шампион да ги уништи кулите со само еден удар. Riot Games веќе се започнати со процесот на решавање на овој проблем и го повлекоа шампионот од лајв серверите засега.

Оргиналниот баг беше лесно да се рекреира, што ја направи ситуацијата ужанса за оние што играат ranked solo queue. Се што требаше играчот да направи е да купи Dark Seal, да направи едно убиство со Viego, да се трансформира во непријателски шампион и да умре под непријателска кула.

Багот правеше ситуација каде што Dark Seal на Viego му даваше на него неограничено AP, што за возврат неговите автоматски удари уништуваа кула од еден удар. Тој исто така можеше целосно да се излечи со само едно Q. Тоа го правеше овој херој речиси невозможно да се сопре и да го „претрча“ неговиот лејн и да ја го победи мечот.

Овој баг се злоупотребуваше доста во ranekеd solo queue и овозможуваше некои играчи да се искачуваат на табелата, дури и по неколку рангови без некаква потешкотија. Тоа го направи Viego пермабаниран за секој еден што го знаеше багот, особено поради фактот што од играчите што губат во мечот им се „крадат“ LP без да знаат што и зошто се случило.

Сеуште нема информации кога ќе се поправи овој баг. Исто така не е јасно како Riot ќе се справи со сите играчи што го злоупотребиле овој баг за да се пробијат на ранг табелата.

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK