ESPORTS.MK

Валве најави анимирана серија за Дота 2 која ќе се емитува на Нетфликс

Валве најави анимирана серија за Дота 2 која ќе се емитува на Нетфликс
февруари 17
17:39 2021

DOTA: Dragon’s Blood е анимирана серија со осум епизоди, која ќе започне на 25ти Март оваа година.

Во оваа серија ќе се раскаже приказната за Davion The Dragon Knight, херој кој што се бори за отстранување на злото во светот. Во своите патувања се среќава и се бори против моќни суштества, како и принцезата Mirana која е на тајна мисија.

Еден од продуцентите на серијата е Ashley Miller, кој има работено на филмови како Thor и X – Men: First Class, а самата серија e анимирана од студиото Studio MIR од Јужна Кореа.

Ashley Miller за Deadline Hollywood изјави:

Fans will love how we’ve imagined the DOTA 2 universe and woven together an epic, emotional, and adult-oriented story about some of their favorite characters.

The cinematic animation, acting and music are simply next level and I’m grateful to Valve for supporting our creative ambitions.

Оваа серија, во нејзините осум епизоди, ќе ги претстави старите и новите херои во играта, а за оние кои што нетрпеливи да дознаат повеќе за приказната, првиот трејлер ќе биде објавен на 19ти Февруари, главниот трејлер ќе биде објавен на 2ри Март, додека серијата на 25ти Март, два дена пред ONE Esports Singapore Major, првиот Дота 2 LAN турнир за оваа година.

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK