ESPORTS.MK

Valve и Netflix ја најавија втората сезона на Dota:Dragon’s Blood

Valve и Netflix ја најавија втората сезона на Dota:Dragon’s Blood
април 22
19:26 2021

Не помина долго време, а веќе е најавена и втората сезона на анимираната серија.

После големиот успех на првата сезона, за Valve и Netflix лесно беше да се одлучат на продолжение на анимираната серија врз основа на Дота 2.

Сеуште не е најавено кога ќе биде почетокот на втората сезона, но очекуваме дека ќе биде голем хит, со оглед на тоа што првата сезона се најде на листата од 10те најгледани серии во 47 различни земји на Netflix.

После поразот на Selemene од страна на Terrorblade, божицата е на милост на Invoker, кој конечно после илјадници години ја изрече својата одмазда врз божицата. Invoker има избор, дали да ја отстрани од светот засекогаш или да и ја одземе моќта, што за Selemene е судбина полоша од смрт.

Исто така ќе дознаеме дали ќе се врати божицата не елфовите Mene, за која сеуште се верува дека Lotus цвеќињата се клуч за нејзин повраток. Судбината на Davion е сеуште нејасна, според информацијата која ја доби од Invoker, неговата смрт е неизбежна.

Се ова ќе ни биде прикажано во втората сезона од серијата Dota: Dragon’s Blood Book II.

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK