ESPORTS.MK

Valve го откажа пролетниот CS:GO Major

Valve го откажа пролетниот CS:GO Major
декември 07
14:25 2020

Valve ги извести организаторите на CS:GO турнирите дека Major настанот кој требаше да се одржи оваа Пролет, е одложен за крајот на наредната година.

Откако двата планирани Major настани за 2020 беа откажани поради пандемијата, Valve одлучи да го одложи и првиот Major наредната година. Првенствено планиран за Мај 2021 година, Major-от е одложен за крајот на Октомври.

Во меилот кој Valve им го испрати на сите инволвирани компании во организирањето на Major настанот беше наведено дека следниот ваков настан ќе биде одржан во Европа.

Првиот Major за 2020 година требаше да се одржи во Бразил, но првично беше одложен за крајот на оваа година, за на крај да биде потполно откажан.

2020 е прва година после 2013 година каде што нема да гледаме ни еден CS:GO Major.

 

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПАРТНЕРИ НА ESPORTS.MK