ESPORTS.MK

VALORANT со нов мод, Escalation

VALORANT со нов мод, Escalation
февруари 17
13:35 2021

Веќе некое време фановите на VALORANT бараат се повеќе диверзитет и разни варијации на играта, па така Riot Games го пушти на своите сервери новиот мод под името Escalation. Како тој всушност функционира?

Повеќето од луѓето веќе се запознаени со класичниот гејм мод Gun Game, што беше присутен во некои постари FPS игри. Со Escalation, VALORANT го дава својот „шмек“ на овој класичен мод, менувајќи го во тимски мод. Вие и вашиот тим ќе почнете со некои одлични оружја, но како што ќе играте и правите убиства тие ќе стануваат се полоши. За да бидат работите свежи, играта ќе ги рандомизира 12. оружја кои вие и вашит тим можете да ги имате. Има 12 нивоа на ескалација, а ви требаат седум поени за да прогресирате на наредното ниво. Убиство на играч од исто ниво ви носи еден поен, додека убиство на оние со помало ниво ви носи половина поен.

За да станат работите уште похаотични, способностите на Агентите ќе останат исти, но наместо рандом оружје, можете да добиете некоја способност од останатите Агенти. Ќе морате да соработувате заедно со вашиот тим за да „вртите“ повеќе оружја, а кога ќе стигнете до последната рунда, сите членови на тимот ќе го добијат финалното оружје. Играта ќе заврши кога ќе поминат 10 минути, а тимот со најмногу поени ќе се смета за победник, но и кога доволно поени ќе се соберат со финалното оружје.

Играчите можат да го пробаат овој мод уште денес, 17.2.21., што би била убава промена и смирување на темпото измеѓу вашите рангирани мечеви, или едноставно само да се загреете.

 

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK