ESPORTS.MK

VALORANT доаѓа за мобилен телефон

VALORANT доаѓа за мобилен телефон
јуни 04
13:08 2021

VALORANT изминатиот период доживеа голем успех. Голем број на CS:GO играчи се префрлија на оваа игра со што се гледа големиот потенцијал и квалитет на играта.

Секако, покрај професионалната сцена, аматерите во целиот свет секојдневно поминуваат повеќе саати играјќи ја играта, или со други зборови, слободно може да се каже дека очекувањата се исполнети и покрај тоа што тие беа преголеми.

Иако играта доживеа голема популарност, далеку е од можноста да се смета за конкуренција на другите наслови кои се повеќе години на сцената. Девелоперите на играта за прославата на годишнината од нивната прва FPS игра, активно работат на создавање на мобилна верзија.

Сега за сега не ни е познато кога мобилната верзија би излегла за јавност, но битно е дека шпекулациите сега се и официјално потврдени.

Со нетрпение очекуваме да ја видиме оваа игра во мобилна верзија бидејќи мобилните гејмери се се повеќе и повеќе.

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ