ESPORTS.MK

Утре започнува ESL One Germany

Утре започнува ESL One Germany
октомври 04
20:25 2020

ESL се враќа во Дота 2 во понеделник, 5ти Oктомври, со ESL One Германија 2020.

Никогаш не помислив дека ќе го кажам тоа, но … Едвај чекам да заврши викендот! Утре започнува ESL One Germany во Дота 2. Турнирот ќе се игра од 5ти Октомври до 1ви Ноември со награден фонд од 400.000 долари, од кои што 150.000 долари ќе отидат кај победниот.
На овој турнир ќе играат 16 тимови од EU/CIS регионот, меѓу кои и OG, Team Secret, Nigma, NiP, Na’Vi  и др. кои беа дирекно повикани, но и тимови како Mudgolems, Yellow Submarine, Tempo и др. кои што се квалификуваа преку Closed Qualifiers.

ESL One Германија ќе отстапи од типичниот формат за настани. Турнирот ќе започне со изменета групна фаза од пет круга во Швајцарски формат. Што значи тоа? Во првото коло, сите тимови што се во пар ќе играат во концепт на подобар во три партии(Best of three). Победниците од првиот круг ќе играат меѓу себе во вториот круг , додека поразените ќе играат меѓу себе. Тимови со слични резултати ќе играат едни со други во секое коло, додека осум екипи не се квалификуваат во плејофот.

Дали ова ќе биде деветти освоен турнир по ред за Team Secret или некој друг ќе го освои златото, останува да видиме.

 

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПАРТНЕРИ НА ESPORTS.MK