ESPORTS.MK

Уште еден Avenger во универзумот на Fortnite

Уште еден Avenger во универзумот на Fortnite
март 08
18:45 2021

Ant-man е сега достапен за купување во Item Shop на Fortnite покрај останатите поважни Marvel суперхерои.

Ant-man е иконски член на Avengers и се има појавено во неколку филмови, вклучувајќи и негови два самостојни филма. Тој е познат по неговата способност да се смали на големина од мравка или да стане џин доколку тоа е потребно.

Новиот Fortnite скин вклучува и стрип верзија од костумот на Ant-man како и секира (melee weapon) во вид на чекпакла за заби и Ant-onio, верниот коњ на Ant-man. Ant-man не може да го јава Ant-onio ingame, но може да се икористи како дополнителен детал на вашиот карактер.

Останати неколку Marvel карактери како Captain America, Black Panther, Tony Stark и Black Widow имаат веќе дебитирано во Fortnite. Фановите можат да ги играат нивните омилени суперхерои додека се обидуваат да преживеат против останатите непријатели, но и самата бура.

Некои други Avengers како Thor и Iron Man ја изразија својата возбуда за внесот на Ant-man во Fortnite, но тој самиот вели дека бил тука целото тоа време. Доста фанови исто така ја изразија својата возбуда за тоа што нивниот омилен карактер конечно може да се игра во играта.

Додадена е нова тема следствено новиот херој што ќе им овозможи на играчите нивниот карактер да изгледа мало во споредба со нормалните предмети. Фановите ќе можат да ги покажат своите креативни слики користејќи го #Fortography хаштагот на Twitter.

Ant-man е сега достапен за продажба во Item Shop на играта за 1.500  V-Bucks. Тој е исто така достапен и во Ant-man пакетот што чини 1.800 V-Bucks.

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK