ESPORTS.MK

Уште еден бан на Twitch про играч, дали двојните стандарди се во игра?

Уште еден бан на Twitch про играч, дали двојните стандарди се во игра?
февруари 15
21:27 2021

Oвој пат Cody “Clix” Conrod се најде во „густо“.

Додека го стримаше својот гејмплеј на Twitch, овој 16 годишник случајно на стрим го изложи својот фолдер од компјутерот каде имаше слика со име „Rons as*“. Овој инцидент му донесе експресен бан од Twitch мрежата, оставајќи го него тотално збунет и изненаден, заедно со остатокот од целото комјунити. Оваа случка го преокупираше интернетот подеднакво толку брзо, особено Twitter мрежата каде најтрендан беше хаштагот #freeclix.

Како што е спомнато погоре, Clix доби речиси инстантен бан од Twitch бидејќи емитувал, сосема случајно, слика со име „Rons As*“. Кога се случил инцидентот, стримот веднаш бил прекинат, а стримерот го избиршал и видеото од самиот стрим.

Штом завршила цела оваа приказна, тинејџерот добил бан.

Овој инцидент ги доведува на површина можните двојни стандарди на Twitch. Постои општо чувство во онлајн комјунитито дека вакви мали несакани случки може да ги доведат машките стримери до бан без никаков проблем, додека има неколку женски стримери на платформата кои знаат да покажат голем дел од нивната кожа за време на нивните стримови, а Twitch останува индиферентен кон нив.

Корисниците на Twitter се одлучија да ja наречат платформата Twitch сексистичка, бидејќи била субјективна и наклонета према жените.

Исто така почнаа да осамнуваат и мемиња на интернетот под хаштагот #freeclix.

Овој инцидент само долеа гориво во онлајн дебата за тоа дека Twitch е наклонет према жените.

Пред неколку дена настана нова контроверзија околу стримерот Jenelle “Indiefoxx” Dagres, која беше банирана за тоа што ги запишувала имињата на нејзините претплатници на нејзиното тело. Нејзината суспензија беше дополнително отстранета бидејќи Twitch сметаше дека не е проблематична.

Претходно, уште еден корисник посочи на твит дека Imane “Pokimane” Anys е без бан покрај тоа што случајно ја покажала својата порно колекција на стрим во живо.

Други пак корисници се пожалија на Natalia “Alinity” Mogollon. Овој стример доби доста негативно внимание од заедницата бидејќи ја злоставувала својата мачка на стрим во живо, а повторно Twitch не успеал да смогне сили и да реагира за ваквите работи, случајни или не.

Во ноември, 2019 година, Sebastian “Forsen” Fors заработи бан бидејќи случајно покажал GIF што содржи полови органи од коњ. Сега Clix е банира за случано покажување на најобична слика, на која самиот тој експресно реагирал. Оваа очигледна разлика во третманот на случаите создава сомнеж врз интегритетот на Twitch како платформа. Насоката на оваа дебата сеуште не е позната, но секако ќе пламни уште долго.

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK