ESPORTS.MK

Успешно зарши првиот Wingman Cup турнир во Македонија

Успешно зарши првиот Wingman Cup турнир во Македонија
април 24
16:55 2021

По големиот настан Red Bull® Campus Clutch во VALORANT, нашиот втор турнир за оваа година „Esportsmk Wingman Cup“ во CSGO, навистина ја разбрани публиката. Имавме чест да бидеме админи на FACEIT на преку пријавени 60 тима, односно повеќе од 120 играчи, а мечевите навистина приуштија огромна забава.

Сите оние што не следеа на нашиот официјален Twitch канал, twitch.tv/esportsmk, преку гласот на нашиот кастер Давор Неделковски „Joker“ можеа да ги гледаат и следат едни од најдобрите CSGO играчи во Македонија како што е CacaNito кои беа дел од овој Wingman Cup и се бореа за дел од награден фонд од 30.000 Faceit поени. Форматот на турнирот беше single elimination до самиот крај со исклучок на полуфиналето и финалето што беа бо3.

Како два непоразени тима до самото финале се одвоија тимовите на SARMA и team_limenkabro кои се сретнаа на самиот крај. Поуспешен од овие две двојки беше тимот на team_limenkabro, а за тоа сведочат неговите две победи врз SARMA во финалниот меч. Двата меча што се играа во финалето завшрија со идентичен резултат од 9:5 во корист на team_limenkabro. Огромни честитки од нас до победничкиот тим и им посакуваме многу успех на сите нивни идни натпреварувања.

Инаку Wingman модот е дел од играта CSGO каде наместо традиционалниот состав од 5 играчи од еден тим и 16 освоени рунди за победа, се игра со само два игачи на веќе поестоечките модифицирани мапи за овој мод, а за победник се смета тимот кој прв ќе освои 9 рунди, секако доколку тимовите се изедначат на самиот крај се игра дополнително време и условот за победа е да се има победено три рунди по ред.

Секако за крај не смееме да ги заборавиме нашите верни партнери Македонската Еспорт Федерација или МЕСФ и Red Bull® кои ни помогнаа овој настан да стане реалност, но и традиција. Благодарност до сите што не следеа, а ние за возврат веќе се пуштивме во кроења на уште поголеми и повозбудливи турнири!

Повелете линк од настанот на FaceIt каде ја има сета статистика и информации од турнорт.

GGWP

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK