ESPORTS.MK

Учесници на DreamLeague S13 Dota 2 Major

Учесници на DreamLeague S13 Dota 2 Major
декември 10
10:17 2019

Со завршувањето на регионалните квалификации за вториот по ред Major во актуелната Dota 2 сезона, добивме список на 15 од 16 учесници на турнирот и сега само треба да го почекаме победникот од Weplay! Bukovel Minor.

Во квалификациите за ЕУ, Nigma (поранешни Team Liquid) го презеде целото внимание со нивното дебитирање во новата сезона, но за жал за нивните фанови безуспешно. Куро “KuroKy” Салехи и соиграчите ги загубија двата клучни натпревари за пласман во плеј-офот. Прво тие беа надиграни од Team Secret (2-1), за потоа да го загубат и одлучувачкиот меч против тимот на Alliance (0-2).

За разлика од стариот Liquid, новиот беше успешен и со максимален учинок од 6-0 стигна до Major-от.

Invictus, Vici и Team Aster триумфираа во кинеските квалификации. Со празни раце остана тимот на EHOME кој како тимот на Nigma, ќе мора да се бори на Minor-от за последното отворено место на Major-от.

Во SEA регионот, еден од трите слотови се очекува да биде актуелниот Major шампион TNC Predator, а на следниот Major ќе им се придружат и Fnatic и Reality Rift.

Virtus.pro и Na’Vi беа најуспешните во регионот CIS, додека во Северна Америка заедно со EG картата за Major ја земаа Chaos Esports. Во Јужна Америка на Major пристигнуваат paiN Gaming и beastcoast.

На програмата е WePlay Minor на која ќе можеме да ги гледаме тимовите како што се: Gambit, Team Spirt, Ninjas in Pyjamas, Fighting PandaS, Nigma, RNG, Geek Fam i FURIA Esports. Победникот на овој Minor покрај наградата од 72.000 долари ќе го освои и последното место за Major-от за 2019/2020 сезона.

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ