ESPORTS.MK

Twistzz потпиша за FaZe Clan

Twistzz потпиша за FaZe Clan
јануари 30
19:56 2021

Денеска FaZe Clan официјално го претстави новото појачување во нивниот CS:GO тим. Russel ‘Twistzz’ Van Dulken стана дел од FaZe Clan откако пред неколку недели го напушти Team Liquid.

Ова е нов почеток во мојата кариера и можност за понатамошно развивање. Јас имам доверба во мене и во мојот тим па затоа сум премногу возбуден за периодот кој ни претстои.

– Изјави Twistzz.

Twistzz беше неактивен во последниот месец откако го напушти Team Liquid. Liquid го стави Twistzz како шести играч откако FalleN потпиша договор со организацијата кон крајот на Декември изминатата година.

Со цел да се ослободи простор за Twistzz во моменталниот активен состав на FaZe Clan, се шпекулира дека olofmeister ќе се пензионира наскоро. Легендарниот ветеран е стенд-ин во тимот откако се врати минатиот Октомври после пет месечна пауза.

Моменталниот состав на FaZe Clan е следниот:

  1. Håvard “⁠rain⁠” Nygaard
  2. Marcelo “⁠coldzera⁠” David
  3. Helvijs “⁠broky⁠” Saukants
  4. Olof “⁠olofmeister⁠” Kajbjer
  5. Russel “⁠Twistzz⁠” Van Dulken
  6. Markus “⁠Kjaerbye⁠” Kjærbye (замена)

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK