ESPORTS.MK

TSM со победа против Cloud9 обезбеди пласман на Светското првенство во LoL 2020 година

TSM со победа против Cloud9 обезбеди пласман на Светското првенство во LoL 2020 година
септември 04
18:35 2020

Team SoloMid за прв пат после 2017 година, ќе игра на Светското првенство во LoL, откако го совладаа најголемиот ривал Cloud9 со резултат од 3-1 за последното место за Светското првенство.

Исходот од летната сезона 2020 година од LCS лигата е нешто што навистина не можеше да се предвиди дури и во најчудните предвидувања.
Cloud9 изгледаше како можеби најдобриот тим што Америка воопшто го имала. Тие го освоија пролетниот шампионат откако го завршија регуларниот дел од сезоната со резултат 17-1. Продолжија со победите во летната сезона и во еден момент, вклучувајќи го и пролетниот плеј-оф, имаа резултат од 35-2 во игрите, но летниот шампионат им се лизна од рацете.
Веќе беше јасно на крајот од групната фаза на летниот шампионат дека нешто не е како што треба во редовите на C9. Зголемениот број на порази укажуваше дека тие не се подготвени за метата што следеше со новите пачови, но тоа не може да биде изговор за нив, бидејќи тие исто така имаа повеќе од доволно време да се подготват.

Се што ги делеше од квалификациите за Светското првенство беше само една победа против FlyQuest, но наместо тоа, Cloud9 испаднаа од плејоф-от по два врзани порази.

За прв пат во историјата на тимот, Cloud9 ќе го пропушти одењето на Светското првенство во годината кога се очекуваше најмногу.

Соло лејнерите на TSM изгледаа многу подобро во клучниот натпревар против Cloud9. Легендарниот Soren “Bjergsen” Bjerg продолжи да биде срцето на својот тим, но овој пат тој не мораше да ја врши целата работа сам. И Sergen “Broken Blade” Celik беше на ниво за извршување на задачите на топ лејнот, Mingyi “Spica” Lu го заврши својот дел во jungle, додека Vincent “Biofrost” Wang и Yiliang “Doublelift” Peng овој пат играа доста посигурно отколку во гејмот против Golden Guardians.

Се чинeше дека голем дел од навивачите кренаа раце од TSM, но тие успеаа да се изборат за драгоценото учество на Светското првенство, и тоа обезбедено со победа против ривалот во чија сенка се наоѓаа со месеци.

Bjergsen и Doublelift повторно ќе го бранат угледот на NA LCS на Светското првенство, а сега кога немаат притисок за успех како минатиот пат, кој знае колку далеку може да стигнат ?

 

 

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПАРТНЕРИ НА ESPORTS.MK