ESPORTS.MK

TSM со comeback-от на годината против првопласираниот Cloud 9 во 5-тата недела од пролетниот сплит на LCS 2021

TSM со comeback-от на годината против првопласираниот Cloud 9 во 5-тата недела од пролетниот сплит на LCS 2021
март 09
01:18 2021

Почетокот на овој натпревар беше апсолутен кошмар за актуелните шампиони на LCS, но TSM не беа обесхрабрени против Cloud9 денес, обезбедувајќи една од најдобрите игри на сплитот.

Едно е TSM да го стори она што тие го направија против друг тим, но сосема е различно да го стори тоа против најдобриот тим во League of Legends во LCS оваа сезона- Cloud9 што успева во воспоставување на рана агресивна игра и со тоа ги поразува противниците за 30 минути или помалку.

TSM играше добро од дефицит во она што изгледаше како да е уште еден нокаут од страна на Cloud 9. На 6 минути :30 секунди, Spica имаше дадено три убиства и беше во негатива од  55-18 во CS, делумно благодарение на рана инвазија од Cloud 9. Дури и коментаторите на играта на шега му велеа на TSM да „оди понатаму“ и „алт-Ф4“.

Сепак, Spica се покажа со неверојатно јак менталитет и направи чисти, ефикасни потези околу мапата за да го донесе неговиот тим чекор по чекот до победата.

Ова беше трет натпревар по ред во денот кога Hecarim беше избран и игран во tank style, што е далеку од неговиот традиционален, carry-oriented build комбинацијата од Divine Sunderer/Trinity Force mythic item. И особено за Spica, како што играше од дефицит, го користеше овој Hecarim’s crowd control-heavy kit за да биде несебичен, самосвесен олеснувач за hyper-scaling шампиони како PowerOfEvil’s Azir  и Lost’s Kai’Sa

Cloud9 (11-4) сега загуби два натпревари по ред за прв пат во целиот сплит, и тоа на двајцата претенденти за титулата Team Liquid и сега TSM. Тие сè уште го поседуваат првото место и се единствената екипа што официјално успеа да избори пласман во плејофот, но растојанието помеѓу нив и петтото место се намали на само два натпревари. И, TSM и Dignitas заостануваат само еден натпревар зад нив, а Liquid би можел да се приклучи на второпласираната партија вечерва со победа над Counter Logic Gaming.

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK