ESPORTS.MK

TSM победи во тестот на издржливост против Team Liquid во 40-минутниот гејм откако Spika и PowerOfEvil го украдоа Баронот

TSM победи во тестот на издржливост против Team Liquid во 40-минутниот гејм откако Spika и PowerOfEvil го украдоа Баронот
февруари 27
22:21 2021

Додека LCS ја започнува втората половина на Пролетниот сплит во 2021 година, TSM и Team Liquid ги почестија гледачите со возбудлив 40-минутен натпревар што сигурно се чувствуваше како рингишпил за навивачите на двата тима. Сепак, на крајот на денот, TSM беше победникот и зад тоа стоеше одличниот перформанс по играњето од дефицит.

Како што многу луѓе очекуваа, Liquid во раниот дел од натпреварот ја покажа својата доминација преку своето моќно дуо на бот лејн како и честопати на овој натпревар. И за малку, се чинеше дека ќе ги доведе до многу потребна победа. Потпирајќи се на Tristana како еден од нивните едиснствен и постојан damage dealers, Santorin беше во можност да се поврзе со Tactical и  CoreJJ за рана first blood, и топката започна брзо да се тркала.

Играта беше хаотична од двата тима од поглед на макрото и тимска борба. Без разлика дали станува збор за Tactical што беше фатен два пати од страна на PowerOfEvil’s Syndra или TSM на погрешен крај на тимската борба, овие две врвни екипи воопшто не изгледаа чисто.

За жал на навивачите на Liquid, секој пат кога нивниот тим ќе најдеше отвор за напад, TSM наоѓаше начин да се врати во игра. По 36 минути игра, Баронот беше украден од страна на Spica и PowerOfEvil и со тоа ефикасно ја обезбедија победата за TSM.

Оваа победа треба да биде огромно засилување на моралот за ТSM, кој доаѓа од натпреварувачка недела со резултат од 2-1. Тие се зацврстија како втор најдобар тим во LCS зад Cloud9 и целат да се одржат високо во пласманот со почетокот на затворањето на сезоната.

Во меѓувреме, Team Liquid продолжи да се бори со проблемот да воспостави континуитет. Со резултат од 5-5, оваа постава со висока репутација не успеа да ги исполни очекувањата и од фановите и од аналитичарите. Нивниот фокус на бот лејнот на мапата е добар, но клучните грешки ги чинат повторно и повторно. Тие треба да ја засилат својата игра од повеќе агли, ако сакаат да влезат во плејофот со доволно пареа за да стигнат до финалето.

Тие ќе бараат повторно да се вратат во игра, кога ќе се соочат против FlyQuest и Immortals подоцна овој викенд.

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK