ESPORTS.MK

Три регионални еспорт федерации ја формираа Адриа Еспорт Федерацијата

Три регионални еспорт федерации ја формираа Адриа Еспорт Федерацијата
јуни 10
17:38 2021

Македонската Еспорт Федерација, заедно со еспорт федерацијата на Босна и Херцеговина и Федерацијата за електронски спортови на Црна Гора ги поставија темелите на АЕФ а кон крајот на летото ќе се приклучат федерациите на Хрватска, Србија, Косово и Албанија. За претседател на АЕФ е избран Бобан Тотовски, кој воедно е и претседател на МЕСФ и Генерален Секретар на Интернационалната Еспорт Федерација ИЕСФ.

Главната цел и мисија на АЕФ е целосното унапредување на еспорт структурата, подобрување на условите за младите играчи и отстранување на сите предрасуди за еспортот и видео игрите во регионот.

Федерацијата ја формиравме за да ни помогне во развивање на еспортот и целиот еко систем во регионот, но и за едукација и правилен развој на играчите. Поединечно сите држави сме мали и недоволно развиени, но со создавање на оваа унија ќе бидеме релевантен фактор во Европа и во светот

– напомена Тотовски.

До 2024 година, глобално, гејмингот ќе стане веќе и олимписки спорт, а од 2028 година сигурно ќе биде и олимписка дисциплина која ќе се интегрира во Олимписките игри. Ако не верувате може слободно да ги погледнете фудбалските и кошаркарските федерации, ФИФА веќе вложува огромни средства за организација на европско првенство во PES ( про еволушн сокер) , а во истиот правец се движи и ФИБА

– кажа Шоќ.

Претседателот на еспорт федерацијата на Босна и Херцеговина- Анте Шаравања, истакна, колку еспортот е од голема важност за микро и макро економскиот развој во регионот и колку еспорт сцената претставува значаен катализатор во целиот процес. Шаравања исто така спомена дека промоцијата и економскиот развој се дел од агендата на АЕФ.

Во 2020 година, се регистрирани преку 2.5 милјарди играчи и тој број продолжува да расте. Поради ситуацијата со пандемијата повеќето натпревари и шампионати се одржуваа онлајн, што е огромен показател дека еспортот е , условно кажано „отпорен“ на надворешните фактори кои имаат директни импликации на останатите спортови. Цврсто верувам дека еспортот е иднината и искрено сакаме да создадеме услови каде што еспортот во регионот ќе го развиваме заеднички

– кажа Шаравања.

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ