ESPORTS.MK

Top Esports и DRX со убедливи победи на стартот на СП 2020

Top Esports и DRX со убедливи победи на стартот на СП 2020
октомври 04
18:55 2020

Фаворитите во група Д, Top Esports и DRX ја отворија групната фаза во СП во ЛоЛ со убедливи победи против екипите на FlyQuest i Unicorns of Love.

Групната фаза на десеттото Светско првенство во LoL започна со натпревари од групата Д во кои се натпреваруваат врвниот шампион на Кина Top Esports, вицешампионот од Кореја DRX, шампион на Русија „Unicorns of Love“ и второ пласираниот тим на Америка, FlyQuest. ТopEsports ја имаше честа да го отвори шампионатот на домашен терен во Шангај против предизвикувачите од Америка.

Иако TopEsports е апсолутен фаворит, тимовите не се штедеа од самиот почеток и FlyQuest ги покажа забите борејќи се бестрашно на сите фронтови. По размената на удари по мид лејнот и бот лејнот, првиот поен падна на топ лејнот, каде 369 го уби Solo односно неговиот шампион Volybear со неговата Camile, а наскоро после тоа, со асистенцијата на Karsa , ја зголеми предноста на својот тим на 2-0.

Шампионот на Кина не застана тука, па со нова ганк го убија бот лејнот на Fly, додека во реката над мид ленот е запрен и џунглерот на американскиот тим Santorin, а веќе на крајот од десет минути игра со уште две убиства Top Esports поведе со убедливи 6-0. После тоа, Top се фокусирашаа на објективите на мапата, од структури до dragons, и веќе во 24-та минута стигнаа до Drake Soul, што им овозможи лесно да стигнат до Baron Nashor.

Top не брзаше многу да ја заврши играта, тие трпеливо го чекаа Elder Dragon, но на крајот дури и не мораа да го земат затоа што ги поразија играчите на FlyQuest кои се обидуваа да стигнат до змејот и да спречат Top Esports да го убие. Кинескиот тим продолжува да ги брка преживеаните играчи на FlyQuest до нивната база која беше во голема мера отворена и на ред доаѓа последната борба од која Тop излегува како победник и го уништува противничкиот Nexus за успешен почеток на натпреварувањето.

Стартот на натпреварот помеѓу DRX и Unicorns of Love го означи џунглерот на корејскиот тим. Pyosik беше насекаде со Nidale и многу брзо стигна до три убиства, а во 13. минута по голема борба на бот лејнот DRX веќе имаше предност од 7-0. Тие ја искористија огромната предност за да продолжат да освојуваат објективи и, како и Top Esports на мечот претходно, многу брзо успеаја да се изборат за аурата од Dragon Soul, а претходно во 22 минута го зедоа Baron Nashor.

Пред да го земат, тие ја срушија кулата од ниво 2 на бот лејнот, што им овозможи целосна контрола на долниот дел од мапата и преземање на четвртиот драгон без отпор на UOL. Со 10.000 предност во злато пред крајот на половина час игра, DRX го сруши средниот инхибитор на ривалот во еден решавачки напад со Quadra kill на Pyosik, кој потоа имаше резултат од 12-0-5 и без одлагање со вториот Baron Nashor, DRX се враќа во базата на Unicorns каде што рутински стави крај на мечот.

 

 

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПАРТНЕРИ НА ESPORTS.MK